621
Откако името на Сашо Мијалков се најде на листата за присилна наплата за радиодигузна такса, со соопштение реагираа од СДСМ.
Од партијата прашуваат дали Управата за јавни приходи и во случајот на Мијалков постапи со блокирање на сметка и испраќање на извршители, како што е пракса со останатите должници.
– Мијалков да биде спокоен. По 11 декември радиодифузната такса нема повеќе да биде трошок за неговиот домашен буџет и неговото име нема да фигурира на должнички списоци за радиодифузна такса. Ако оваа давачка е товар за бизнисменот Мијалков, тогаш убедени сме дека посиромашните семејства ќе бидат уште позадоволни од оваа мерка – се додава на крајот во реакцијата на СДСМ.