Освен што ги менува ставовите на дневна основа, Гордана Силјановска покажува непознавање на историјата или пак свесно почна и да извртува историски факти, да измислува митови во дневнополитички цели, велат од СДСМ.
„Историски факт е дека немало Македонци меѓу преживеаните од несреќата на бродот „Титаник“. Но тоа не ја спречува Силјановска да митологизира несреќи, за да продолжи со својот лажен патриотизам.
Има доста Македонци во еден друг Титаник – предметот на Специјалното јавно обвинителство за дела против изборите отворен против ВМРО-ДПМНЕ, партијата чија што кандидатка е Силјановска. Па во некоја друга прилика Сиљановска може да каже што мисли за овој случај кој се занимава со изборни нерегуларности и дела против изборите, кадешто главни обвинети се високи функционери на партијата што ја кандидира.
Со извртувањето на историските факти, со измислување митови и легенди, Силјановска покажува дека е иста како Ѓорге Иванов.
Затоа граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе лаже за минатото и ќе работи против иднината. Граѓаните ќе изберат вистински претседател кој достојно ќе ја претставува државата и ќе води напред кон иднина во ЕУ и НАТО“, додаваат од СДСМ.