СДСМ: Богов призна дека јавниот долг стигна до 50 отсто од БДП

by fokus

Јавниот долг на Македонија и денеска тема на партиски препукувања. Од СДСМ денеска го обвинија гувернерот Димитар Богов дека во интервјуто за телевизија Алфа, признал дека јавниот долг на Македонија е 50 отсто од БДП.

– Признанието на Богов е директна потврда на тврдењата на СДСМ. Со ова Богов ги разобличи манипулациите на Миновски кој ден претходно на Веб страницата на Министерството објави намалување на јавниот долг – се вели во партиското соопштение.

СДСМ уште еднаш порачаа дека сите инволврани во издавањето на еврообврзницата и во создавањето на историскиот јавен долг, ќе одговараат.

 

 

 

Поврзани новости