СДСМ: Богов дозволил сомнителна продажба на Алфа банка на советник на Груевски!

by Фокус

Гувернерот Димитар Богов ја дозволил продажбата на Алфа банка на консултант во Владата на екс-премиерот Никола Груевски за екстремно ниска цена од само 1.2 милиони евра, свесно и намерно изоставувајќи ја банкарската контрола, за да може да му удоволи на инвеститорот со сомнително потекло да влезе во банкарскиот сектор во земјава, обвини опозицискиот СДСМ.

„Богов се согласи Алфа банка да биде продадена за 6 отсто од нејзината номинална вредност. НБРМ се повикува на моменталните пазарни цени на банките на берзата, но дали мислат дека е можно по тие цени некој да се стекне и со 10 отсто од сопственоста на било која банка? Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност при редовните банкарски контроли го забоколува или прикрива фактот што основниот капитал на Алфа банка е десетократо намален. Или ако постои воопшто таков извештај тогаш зошто Богов не реагирал соодветно“, прашаа социјалдемократите.

Поврзани новости