Од СДСМ денеска презентираат уште една економска мерка, а тоа е помош за граѓаните да отворат сопствен бизнис.
-Ќе добијат шанса за свој бизнис во бесплатен деловен простор.
Државата ќе им помогне. Тоа планираме да го направиме преку старт – ап центрите што планираме да ги отвориме во сите поголеми општини. Новите фирми, во првите години од основањето освен што нема да плаќаат за делоловен простор ќе имаат и бесплатно сметководство, архива, одржување. Нашата цел е младите луѓе да се охрабрат само да почнат сопствен бизнис. Ќе им олесниме да се чувствуваат заштитени од државата кога ќе ги преават првите чекори кон тоа. Ова не е единстената мерка со што поттикнеме иницијатива за сопствен бизнис. Ќе овозможиме отворање фирма со само 1 евро основачки влог. Ќе овозможиме кредити до 15.000 евра, со само 1 процент камата за отворање микро бизнис, ветуваат од СДСМ.