641
Пратеникот на СДСМ Јован Митревски изјави дена парламентарното мнозинство на денешната координација настапило со став пратениците кои имаат решение за изолација да гласаат електронски и да се водат како присутни на седницата, за да не се дозволи нефункционалност на институциите.
– Како одговорни пратеници и како владејачко мнозинство нема да дозволиме нефунционалност на државата во борбата со ковид. Не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, потоа без донесен Буџет за 2021 години или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите во вакви тешки моменти и за нас и за светот – рече Митрески.
Според него, потребна е промена на Деловникот со цел воведување работа на далечина.