356
Опозицискиот СДСМ бара парите од непродуктивните „инвестиции“ веднаш да се пренаменат во субвенции за намалување на загадувањето, како на пример субвенционирање на јавниот превоз.
Тие, исто така бараат итни мерки против загадувањето и оставка од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Потсетуваат дека последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни. Синоќа во Скопје и во Тетово ПМ 10 честичките биле 14 пати над дозволеното, додека во Битола и во Кавадарци 8, односно 5 пати над дозволената граница.
Според нив, состојбата со загадувањето на воздухот од ден на ден станува се поалармантна и е крјано загрижувачка.
.