Утре марш на сексуалните работнички во Скопје

by Фокус

Утре во 12 часот, со црвени чадори во раце на улива Македонија ќе маршираат сексуални работници, стриптизери и стриптизети, хотлајн операторки, ескорт девојки и момци, активисти за човекови права и нивни поддржувачи, по повод 17-ти декември Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.

Маршот на црвениот чадор е во организација на Граѓанската иницијатива за застапување и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје, во знак на солидарност и приклучување кон Глобалното одбележување на Меѓународниот ден за Стоп на насилството врз сексуалните работници.

СТАР е невладина организација која од 2012 година активно работи на имплементација на програмата за ХИВ превенција помеѓу сексуални работници во Република Македонија, поддржана од Министерство за здравство на РМ и Глобалниот Фонд за борба против Сида, туберкулоза и маларија.

Поврзани новости