СДСМ бара надлежните да го расветлат случајот со Дудуш: Одговорност мора да има!

by Фокус

Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста, соопштија од СДСМ откако порталот „Лидер“ објави аудио-снимка на која, според медиумот, се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари малтретира вработен во општината.

„Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување. Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво“, стои во писмената реакција на владејачката партија, од чии редови Дудуш беше избран за градоначалник на последните локални избори.

Градоначалникот Дудуш во изјава за „Фокус“ рече дека станува збор за монтирана сминка која, според него, се користи во функција на политичка хајка со цел нарушување на неговиот углед.

Поврзани новости