Скандалот со сомнително финансирање консултанти во 2016 и 2017 година, за кој во Германија пратеник си поднесе оставка, вчера индиректно го призна ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ. Според неа, многу важно е надлежните институции во земјава да постапат.
-Јавно ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат овој случај и да ја информираат јавноста за наодите. Особено што ВМРО-ДПМНЕ секогаш се поврзува со сомнителни финансии и трансфери. Клучно прашање на кое истрагата треба да даде одговор е од каде се овие пари и на кој начин се исплатени? – рече Петровска.
Таа посочува дека, според пишувањата на Шпигел, станува збор за 50.000 евра кои му биле исплатени на германскиот пратеник за консултантски услуги.