543
Денешниот настап на Артан Груби од ДУИ во парламентот, во кој му порача на СДСМ дека нивната стратегија за преземање на власта по индиректен пат преку ДУИ е погрешна, испровоцира реакција од социјалдемократите.
– Навистина е штета за Груби што заврши конкурсот за директор на Центарот за Комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Согласно ставовите и размислувањата што ги презентира Груби во јавноста, тој би бил одличен потенцијал за оваа позиција во ВМРО-ДПМНЕ – му одговорија од најголемата опозициска партија.
Претходно, пратеникот на „интегративците“ и порача на опозицијата дека на власта се доаѓа со конкурентска битка, квалитетна понуда и искрен однос со граѓаните, а не преку Али Ахмети.