СДСМ: Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики

by Fokus

Економска катастрофа беше 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога од Буџетот на Република Македонија се потрошија стотици милиони евра на криминални тендери, лажен барок и споменици, додека сиромаштијата у долговите растеа, велат од СДСМ.

„Само последните три месеци од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и нивните погубни политики донесоа пад на економијата од 1,3 отсто.

За разлика од таквиот криминален однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку мерките што ги спроведува обезбедува економски раст, нови инвестиции, нови работни места и поголеми плати за работниците.

Растот на БДП од 3,1 отсто, рекордниот износ на странски инвестиции во првото полугодие од 2018, растот на платите и пензиите, се само дел од економските показатели кои покажуваат дека економијата се движи во добар правец.

Истовремено, предлог Буџетот за 2019 година е добра основа за засилен економски раст,, повеќе пари за граѓаните и зголемен животен стандард за сите граѓани.

Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со одговорното работење и успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и затоа секојдневно шири лажни вести и измислици“, додаваат од владејачката партија.

Поврзани новости