СДСМ: Антикорупциска молчи за луксузниот стан на Чулев

by fokus

-Директорот на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев молчи зошто не го пријавил во неговиот станот од околу 90.000 евра во луксузниот станбен објект во Аеродром во неговиот Анкетен лист. Со тоа високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и самиот призна дека го крие луксузниот стан. Зошто директорот на Разузнавање Чулев има потреба да го крие станот – повторно прашуваат од СДСМ.

Од партијата потсетуваат дека директорот на Агенцијата за разузнавање морал да пријави во Антикорупциската комисија какви било промени во имотната состојба коишто ја надминуваат вредноста од 20 просечни плати.

СДСМ ги повика членовите на Антикорупциската комисија да не молчат за овој случај и да работат во интерес на граѓаните.

 

Поврзани новости