Исклучените од топлификација правдата ќе ја бараат во Стразбур

by fokus

Граѓаните на кои веќе година и пол им стигаат сметки за парно греење кое не го користат, по кој знае кој пат излегоа на улица да бараат правда.

Со партизанска песна, триесетина граѓани пред „Порта Македонија“ го изразија незадоволство од паушалните сметки, за кои велат дека се неправедни и затоа нема да ги плаќаат.

Регулаторната комисија за енергетика пред неколку дена донесе одлука за намалување на цената на парното греење од 1 август за околу 11 проценти. Но, демонстратите велат дека не се задоволни од оваа одлука.

Тие истакнаа дека ако не се земат предвид нивните барања правдата да ја бараат во меѓународните судови.

Поврзани новости