426
Скандалозно и недозволиво е членовите на Државната комисија за спречување на корупција, институцијата која е задолжена да се бори против различни видови корупција, да се однесуваат неодговорно и расипнички во трошењето на парите на граѓаните, бидејќи следењето на неодговорно и коруптивно трошење на буџетските пари е суштината на нивната работа, реагираат од владејачката СДСМ.
„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го почитува принципот на нулта толеранција кон корупцијата и затоа, сите членови на Државната комисија за спречување корупција кои расипнички и неодговорно ги трошеле парите на граѓаните, мора да понесат одговорност и да поднесат итни и неотповикливи оставки – се наведува во партиското соопштение.