595
СДСМ е подготвен за разговори и дијалогот треба да почне. Меѓутоа, доколку Никола Груевски смета дека барањата за обезбедување на фер и демократски избори се неразумни, договор нема да има, стои во денешната писмена реакција на повикот од Груевски до опозицијата да постават разумни барања.
„Груевски со ваквата изјава на историски ден за македонската држава, покажа дека нема основно чувство за државност. Не може да ги разбере придобивките за демократска и слободна Македонија. Груевски срамежливо, но сепак почна да ги признава грешките. Нема поголема разумност од обезбедување на услови за фер , слободни и демократски избори, како врв на демократијата, што се и крајна цел во барањата на СДСМ“, се вели во остатокот од соопштението.