556
Младите социјалдемократи од општина Центар вчера побараа солидарност од граѓаните за неделникот „Фокус”, кој на директорот на тајната полиција, Сашо Мијалков треба да му исплати 9.000 евра за клевета и навреда.
– Еден од последните слободни медиуми, се соочува со секојдневни притисоци од страна на власта, а пресудата од 9 илјади евра, пари што треба да ги исплатат на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, е кулминација на задушувањето на медиумската слобода. Младите од ЛК СДММ Центар отворија донаторски пункт и лично, со флаери, ги информираа граѓаните за начините на донација, со цел солидаризација и опстанок на весникот Фокус – информираат од младината на СДСМ