652
Ексминистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и оставил празна канцеларија на новата министерката Фросина Ременски тврдат за САКАМДАКАЖАМ.МК вработени во Министерството. Денеска на нејзиниот прв работен ден Ременски начекала канцеларија без компјутер, без телефон, принтер, а исклучен бил и интернетот.
Утрово Ременски си донела компјутер од дома а без компјутери и телефони останал целиот нејзин кабинет. Ги немало ниту далечинските управувачи од климите. Бил изнесен и канцеларискиот материјал.
Таа не сакала за САКАМДАКАЖАМ.МК да коментира ништо за тоа како го затекнала утрово Кабинетот. Рекла само дека е битно Министерството да функционира во делот на потребите на граѓаните, а тоа со канцеларијата е лесно за средување.