ДС бара ново судење за „Шпион“

by fokus

Демократскиот сојуз целосно ја почитува независноста и самостојноста на обвинителството во целина, како и Специјалното јавно обвинителство, но го задржува демократското право да ги коментира одлуките, велат денеска од Демократскиот сојуз.

-СЈО го презеде случајот „Шпион” и сигурно за тоа има и правен основ но и цврсти докази и сомненија дека Јавното обвинителство или судот направил повреда на законите или уште полошо работеле под притисок и диктат на Власта. Доколку е така мора да има повторно судење, секој осомничен во транспарентна постапка да може да ги презентира сите факти и докази, да се преоценат доказите и во целина обвинувањата, се вели во партиското соопштение.

ДС смета дека на сите против кои се води постапка треба да им се даде шанса преку повторување на судската постапка.

Поврзани новости