521
Специјалното јавно обвинителство пред први мај ќе има средба со осумтемина членови на Одборот на директори на македонскииот Телеком од Германија и Унгарија, откако и по четири обиди не доби судски налог за претрес во рамки на две истраги поврзано со масовното прислушување од 2008 до 2015 година, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во компанијата.
СЈО, како што пишува порталот СДК , потврди дека откако се соочи со опструкции од претставниците на македонскиот државен капитал во компанијата и од судот кој измислува разни причини за да не даде налог за претрес сега бара согласност за пристап до податоците на операторот, во рамки на отворените истраги за масовно прислушување на граѓаните преку најголемиот телефонски и мобилен оператор во Македонија.
Според информации на „Фокус“, СЈО се повикува на законска одредба според која компанијата доброволно, без судски налог може да соработува и да им ги даде бараните податоци. Откако им посочиле дека можат и доброволно да соработуваат со нив, од компанијата наводно им одговориле дека тие многу сакаат да им помогнат и да им ги дадат бараните податоци, но се спречени. Затоа од СЈО побарале работна средба на која треба да им објаснат во што е пречката и дали постои начин да се отстрани.