ВМРО – ДПМНЕ нема да оди на координација, Џафери не е избран законски

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение информира дека нема да учествува на најавената координација во Собранието, која ќе се одржи денеска.

Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието на Република Македонија во законска процедура и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто би одговарала на покана која пратеникот Талат Џафери ја испраќа во својство на претседател. Со обидот да го изберат Талат Џафери за претседател, СДС ги погази и Уставот и законите и Деловникот за работа на Собранието.

СДС секој ден со својата деструктивна и антидржавна политика манипулирајќи го македонскиот народ покажува дека не им е грижа за граѓаните, туку само да дојдат на власт по секоја цена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости