482
Соработник на градоначалникот на Битола Владимир Талевски вечерва е притворен на барање на Специјалното јавно обвинителство, објави порталот Сакам да Кажам, повикувајќи се на неофицијални извори.
Соработникот е притворен во рамки на акцијата „Транспортер“. Освен битолскиот градоначалник во оваа акција осомничени се уште 21 лице. За 11 лица беше побаран притвор.
Осомничени за криминал со превозот на ученици се градоначалникот Талески, претседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на основни и средни училишта, како и превозници кои ја потпишувале и наплаќале двојно повисоката цена за превозот.