СДК: На Неделкова и се паднал предметот за Кочан, Вангеловски ја тргнал

by fokus

Предметот за бизнисменот Сеад Кочан кој е во бегство, a со кој обвинителот Марко Зврлевски бара укинување на притворот, со електронска распределба на предметите се паднал кај експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, но претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски ја тргна од овој премет, објави СДК.

Според пишувањето на СДК, Вангеловски ја тргнал Неделкова од Кривичниот совет на Врховниот суд, веднаш штом се изјаснила дека Зврлевски не е надлежен за овој случај, бидејќи тоа е случај на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.

Пред неколку дена пак Јанева го повлече Брањето за заштита на законитоста што го поднесе Зврлевски, бидејќи таа е надлежна за овој случај, а не Републичкото јавно обвинителство.

Поврзани новости