Меѓународен саем за туризам: Посетете ја најдобрата дестинација – „Скопје травел маркет 2017“

by fokus

Голем интерес предизвикува седмиот Меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет 2017“ на Скопски саем. На саемот учествуваат туристички агенции и тур-оператори, хотели од Македонија, општините, компании за производство на хотелска опрема, а посетителите ќе може да се информираат за понуди и можности за патувања.

Овој саем е најдобрата дестинација за сите кои сакаат да го видат светот. Пред самиот почеток на летната сезона Скопје травел маркет овозможува уникатни и незаборавни моменти. Влезниците се по цена од 30 денари, односно 20 денари за организирани и групни посети. Работното време е од 10 до 20 часот.

Покровител на саемот е Агенцијата за промоција и поддршка на турзимот на Република Македонија, а партнер Стопанската комора за туризам. Традиционално, Република Турција ќе учествува со свој штанд, а странски изложувачи ќе бидат и општините Тиват, Бујановац и Врање.

Според извршната директорка во Скопски саем Даниела Глигоровска оваа специјализирана саемска манифестација е вистинско место за промоција на туристичката индустрија и понуда, за туристичките агенции и тур-оператори од државата и од странство.

Истовремено на истата локација  се одржува и Саемот на книгата, која како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

 

Поврзани новости