637
Во сообраќајка која се случи попладнево во 16:30 часот на местото „Директорска кривина“, на патот Радовиш-Штип, учествувале пет автомобили, при што неколку лица се полесно повредени.
Сообраќајката за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека сообраќајот на овој дел бил пренасочен по споредeн пат.
Увид на местото на несреќата, по овластување на јавен обвинител, е извршен од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш.