Маричиќ: Ќе направиме се што можеме годинава да ја имаме првата меѓувладина конференција

by Фокус

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој до пред десетина дена беше главен технички преговарач со ЕУ, вечерва во „360 Степени“ на Алсат изрази оптимизам дека до крајот на оваа година би можело да се случи првата меѓувладина конференција со ЕУ.

-Фактот што веќе се дискутира преговарачката рамка е добар сигнал за нас. Јас верувам во искреноста на германското претседателство да ја имаме првата меѓувладина конференција до крајот на годинава. Ние ќе направиме сѐ што можеме за да дојдеме до таа точка – рече Маричиќ.

Поврзани новости