СДСМ ќе спроведе внатрепартиски избори во март, па ќе одржи Конгрес во мај

by Фокус

Централниот одбор  на СДСМ донесе одлука на 16 мај да се одржи 26-тиот Конгрес на партијата. Од таму посочуваат дека Извршниот одбор дополнително ќе утврди дневен ред, време, место и начин на одржување на Конгресот во услови на пандемија. Претходно, односно на 21 март, ќе се одржат внатрепартиските избори.

„Централниот одбор го усвои Извештајот поднесен од генералниот секретар Љупчо Николовски, за спроведена постапка за ажурирање на членовите и активна регистрација. Заедничка оценка е дека процесот на ажурирање се спроведе успешно. СДСМ брои над 80.000 членови, социјалдемократското семејство е доволно големо, силно и обединето. СДСМ е прва во промените, се менува за подобро да им служи на граѓаните и државата. Следен чекор се првите директни внатрепартиски избори закажани за 21 март на кој сите активно регистрирани членови ќе го бираат Претседателот на СДСМ. Ова е врв на внатрепартиска демократија и внесува нова дополителна вредност на нашето демократско општество“, соопшија од партијата по одржаната седница на ЦО.

 

Поврзани новости