Рустеми: До 2025 ќе биде готов коридорот од Скопје до Охрид

by Фокус

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, изјави дека нивниот буџет за годинава е поголем од лани и изнесува 400 милиони евра. Тој на ТВ 21 најави дека 2021 ќе биде година на изградба на патишта.

-Имаме финални преговори со сериозна меѓународна компанија, која има сериозно искуство, да се вклучи во изградба на коридорот 8. Буџет имаме, тоа не е проблем. Целиот коридор 8 ќе биде завршен до 2025 година. Од Скопје до границата со Албанија, односно Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево-Охрид – изјави Рустеми.

Поврзани новости