ВИДЕО Николовски собираше јаболка на ресенскиот јаболкобер

by Фокус 15:42
15:42

Генералниот секретар на владејачкиот СДСМ, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на традиционалниот јаболкобер во Ресен, при што директно се вклучи во собирањето јаболка, со цел симболично одбележување и на оваа сезона.

-Уште од првата година од мандатот за 10 отсто ги зголемивме субвенциите по хектар. Ги зголемивме субвенциите на развојната категорија на овоштари, вклучително на сите и од овој регион. Во континуитет носевме интервентни мерки во секој еден момент кога тоа беше потребно. Оваа година, нашите политики ги заокружуваме со спроведување и на проектот за зелена нафта. 2170 земјоделци, овоштари од овој регион веќе ги подигнаа и добија своите зелени картички и средства за 30 отсто поевтина нафта за земјоделската механизација – рече тој.

- Advertisements -

Николовски додаде дека оваа година ќе биде заокружен проектот за изградба на откупно-дистрибутивни центри низ земјата, а се подготвува и тендерската документација за авионското засејување и заштита на овошните насади.

Поврзани новости