Савин: ЕМ ќе ја задржи унитарноста на земјата, даваме определби како се работи според московскиот универзитет

by fokus

Русинот Леонид Савин, кој во последните три дена ја води школата организирана од партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија на прес конференција истакна дека е битно да се овозможи декодиран систем, поинаков поинаков од тој досега.

-Новата власт која ќе биде на Единствена Македонија треба да ја задржи унитарноста на земјата. Не се наметнуваме со свои идеи, туку даваме определби како да се работи според московскиот универзитет, рече Савин.

Според него, македонскиот и рускиот народ ги поврзуваат многу работи, а тие ќе помогнат да се зацврсти иднината на Македонија.

-Народот има единствено право да решава за судбината своја. Сите процеси треба да се подемократски и потранспарентни. Самиот македонски народ треба да одлучи со кого ќе ја поврзе својата иднина, додаде Савин.

 

Поврзани новости