ФПСМ апелира до сите хумани луѓе да донираат за да се донесе телото на починатиот планинар

by Fokus

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија активно се вклучи во помош за транспорт на телото на Др. Георги Петков, кој трагично го заврши животот во својот обид за освојување на врвот на светот!

„Со помош на неговиот матичен Планинарски клуб Кожув Гевгелија, но и од самата Општина веќе се прибираат финансиски средства, кои изнесуваат некаде околу 10.000 евра. ФПСМ ги повикува сите пријатели, добронамерници, љубители на природата, планината, спортот и сите хумани граѓани кои се во можност да донираат на жиро сметка за донации во Халк Банка на име Емил Петков со број 2707000046828251“ – информираат од ФПСМ.

Вчера на седница на Совет на општина Гевгелија донесена е одлука општината веднаш да префрли на сметка 600.000 денари, со цел да не се чека предолго дури да се соберат потребните средства, односно да се дејствува брзо со оглед на ургентноста на ситуацијата. Доколку средствата кои ќе бидат собрани преку донаторската сметка ја достигнат сумата од 600.000 денари, тие средства, беше истакнато на седницата, ќе бидат вратени во буџетот на општина Гевгелија, а доколку сумата на собрани средства биде помала од овој износ, разликата ќе се смета како донација на општина Гевгелија.

Поврзани новости