Здравко Савески од Левица вечерва во изјава за „Фокус“ соопшти дека Училишниот одбор на С.У.Г.С. Здравко Цветковски ја потврдил одлуката со која професорка по девет години останува без работа.
-Училишниот одбор вечерва ја потврди незаконската одлука на директорката! И наместо трансформација на работниот однос во договор на неопределено време, таа по 9 години работа и со болно дете ја оставија на улица! Тројца членови на Училишниот одбор се од Град Скопје! Шилегов ги остави да бидат членови, иако ВМРО-ДПМНЕ ги постави на тие места! Директорката ги тероризира вработените! Директорката им вршеше притисоци на вработените да одат на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ! И покрај тоа, Шилегов очигледно нема намера да ја смени! Толку луѓе сменија партиски, но неа ќе ја остават! Зошто?!, прашува Савески.
Савески вели дека Левица им стои на располагање на сите во борбата против неправдите и во борбата за работничките права.