Савески: Се плашам дека во цела оваа врева околу името, не гледаме што се случува зад кулисите

by fokus

Здравко Савески од Левица изгрази загриженост дека се играат задкулусни игри додека трае вревата околу името, со што Македонија би станала „стратешка точка“ која сите ќе сакаат да ја контролираат.

-Она што се плашам најмногу е следново. Дека во услови на зголемени тензии помеѓу големите сили, предизвикани од опаѓачката моќ на американскиот империјализам и растечката моќ на рускиот и кинескиот империјализам, непромислената вазалска политика на Заев ја отвори пандорината кутија и дека Македонија ќе стане уште една „стратешка точка“ која ќе сакаат да ја контролираат и едните и другите. И дека и едните и другите ќе си создадат вазалски структури кои поради финансиски причини ќе сакаат да го променат балансот на силите во корист на својот империјалистички господар. И тоа ќе биде многу валкана игра во која кој и да е на власт, се’ ќе му биде дозволено од страна на империјалниот господар, газење на демократијата, неодговорно владеење… И дека ние, ако дозволиме да не’ вовлечат во вртлогот, повеќе ќе се интересираме кој за кого е, за Америка или за Русија отколку за тоа како да престанеме да осиромашуваме, како да заживееме достоен живот за човечки суштества. Се плашам дека во цела оваа врева околу името, не гледаме што се случува зад кулисите. Кога играат слоновите, гинат глувците. Крајно време е да се опаметиме. Можеби може да се затвори пандорината кутија, можеби веќе не е предоцна. Ако не, да ги пакуваме куферите и достојниот човечки живот да го бараме како имигранти, напиша Савески на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости