508
Членот на „Левица“, Здравко Савески во синоќешното гостување на ТВ 24 упати критики кон актуелната владејачка СДСМ, нарекувајќи ја „султан партија“.
„Сето ова прво покажа дека СДСМ е султан-партија. По статутот на партијата, претседателот на партијата има надлежност и право да разрешува претседатели на локални ограноци и со тоа да ги разрешува целите извршни одбори на локалните ограноци“, истакна Савески.