Здравко Савески од Левица во изјава за „Фокус“ коментирајќи ја оставката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вели дека во нормална демократија ниту еден политичар за кого има сомнение дека сторил криминал не смее да се дрзне да продолжи да врши политичка функција.
-Груевски одамна требаше да се повлече од сите политички функции кои ги вршеше. Тоа што сега Груевски се повлекува очигледно е во контекст на апсењата кои се случија оваа недела. И е своевидно признание од негова страна за она што веќе се знаеше подолго време, дека политички беше мртов. Дали зад кулисите е направен некаков дил со него или оставката се должи на неговото губење на поддршка во партијата заради апсењата, во моментот може само да се нагаѓа. Но, набрзо работите веројатно ќе станат појасни, вели Савески.