Малчески: Оставката на Груевски е последица на фијаското на протестите

by fokus

Самоил Малчески во изјава за „Фокус“ вели дека оставката на Никола Груевски од претседателското место во ВМРО-ДПМНЕ е последница на слабата поддршка на протестите кои деновиве ги организираше Груевски.

-Оставката е последица на фијаското кое се случува на протестите кои се организираат пред Основен суд Скопје 1, на кои членството уште еднаш кажа не на погрешните политики на Никола Груевски. Мислам дека кога Груевски виде дека и оние кои најмногу добија од него му свртеа грб, конечно сфати дека е дојдено крај на неговите лоши политики, кои не само што го урнисаа ВМРО ДПМНЕ, туку и ја доведоа државата во ваква незавидна ситуација, изјави Малчески.

Поврзани новости