Савески одби да се ракува со Милошоски: Под честа ми е да се поздравувам со претставник на режимот

by fokus

Носителот на листата на ВМРО – ДПМНЕ во петтата изборна единица, Антонио Милошоски беше во посета на Битола каде имаше средби со граѓани.

Шетајќи по „Широк Сокак” случајно се сретна со Здравко Савески, носител на листата на Левица во „петката”. Милошоски застанал да се поздрави со Савески и му пружи рака, но тој одбил да се ракуваат.  „Левичарот” во изјава за Фокус го објасна мотивот за овој гест.

-Во принцип, основна политичка култура е да се поздравиш со политичкиот противник. Но, ние не можеме да го игнорираме фактот дека во Македонија нема демократија, туку режим кој ја укина демократијата и го осиромаши народот. Мене, како борец за слобода и социјална правда, под честа и достоинството ми е да се поздравувам со претставник на режимот. Нека престане Милошоски да бега од ТВ дуели со мене и со претставниците на другите партии во изборната единица 5. Тоа што бега од дебати е уште една причина зошто не се поздравив со него – рече Савески.

К.С.

Поврзани новости