Условна затворска казна од 6 месеци добија Здравко Савески и Владимир Куновски за случајот со демолирањето на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, за време на Шарената револуција пред речиси 6 години, објави Радио МОФ.
Тие се осудени за кривичното дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Затворските казни нема да се извршат, ако обвинетите во рок од 5 години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.
Обвинетите истовремено треба солидарно да го надоместот имотно-правното барање на државата во износ од 522.080 денари во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата, а исто така треба да платат и по 3.000 денари судски паушал за надоместување на трошоците на кривичната постапка.
Судијката во Апелациониот суд посочи дека Савески и Куновски учествувале во толпа од поголема група граѓани која со заедничко дејствување оштетила имот од поголема вредност, на начин што обвинетите биле дел од толпата која со фрлање тврди предмети и удирање ги искршила излозните стакла и двојната влезна врата на канцеларијата.