Заев за „Дер Стандард“: Аболиција за никого, треба да одговараат и Јанкуловска и Јанакиевски

by Фокус

Избори може да има тогаш кога претседателот на ДИК ќе каже дека се исполнети условите, а избирачкиот список е исчистен. Ако тоа се случи наесен, тогаш изборите можат да бидат тогаш, ако е тоа до крајот на годината, тогаш изборите можат да бидат тогаш, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев  во интервју за австриски „Дер стандард“.

Заев во интервјуто зборува и за преговорите околу повлекувањето на аболицијата. Тој вели дека аболицијата мора да биде повлечена за сите аболирани, а не само за оние што ќе побараат такво нешто.

Досега повлекување на аболицијата побарале само претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, а што е со екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска или со поранешиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кои СЈО ги сомничи за голем криминал и корупција, прашува Заев во интервјуто за австриски „Дер стандард“.

Поврзани новости