Пол Брајтнер (71), легендарниот германски играч за врска и поранешен член на Баерн и Реал Мадрид, го навреди Нејмар (31) откако бразилскиот напаѓач го напушти ПСЖ и замина во Саудиска Арабија, во тимот на Ал Хилал во трансфер вреден околу 100 милиони евра, каде треба да игра за две години да заработи 400 милиони евра.
„Почитувани Саудијци, ви благодариме што го купивте господин Нејмар, еден од најголемите фудбалери познат по својата глума. Тој е измамник. Благодарен сум што повеќе не морам да го трпам“, изјави Брајтнер во интервју за Blickpunkt Спорт.
Брајтнер освои 11 трофеи со Баерн и Реал и беше светски (1974) и европски шампион (1972) со Западна Германија.
Нејмар по 10 години ја напушта Европа.
ПСЖ го купи во 2017 година од Барселона со отштета од 222 милиони евра. Така стана и остана најскапиот фудбалер досега.
Но, за шест години во ПСЖ одигра само 186 натпревари. Повеќе од 100 пропушти поради повреди.
Постигна 105 гола и имаше 76 асистенции во ПСЖ.