650
Еден од неколкуте уметници што се обратија на денешниот протест против плаќањето на придонеси за хонорарите е актерот Сашо Тасевски, кој жестоко ја нападна владата дека ги корупмира сите слоеви во општеството, вклучувајќи ги и актерите.
– Има корупмирани актери до гуша, но има и такви кои не се – истакна Тасевски, кој свртен накај владата порача дека царот е гол, мислејќи дека премиерот Никола Груевски е разобличен пред јавноста.
Толпата од владата се упати накај УКИМ.