Протестантите: ССМ е претворен во навивачка група на Владата!

by Фокус

Граѓаните кои во моментот протестираат пред Владата, поради најавените измени на законот со кој ќе се врши одданочување на хонорарите, гласно го искажаа своето незадоволство. Побараа законот и измените веднаш да бидат повлечени, бидејќи прават голема поделба меѓу вработените и хонорарците. Насобраните граѓани го искажаа и своето незадоволство од ССМ.

„Не сме задоволни од последните измени, бидејќи со нив уште повеќе се влошува економската состојба на хонорарците. За жал постои еден синдикат, Сојузот на синдикати на Македонијна и еден синдикален лидер, кој уште пред да ги види измените, го поздрави законот. Потоа, кога ги виде, повторно го поздрави законот. А, пак, кога сега се најавија нови измени, тој повторно се јави со поздрав. За жал синдикатот се претвори во навивачка група на Владата, односно дење глумат синдикалци, а ноќе седат во скутот на Владата, истакна протестантите.

Од Владата, насобраната толпа од две-три илјади луѓе ќе се упати пред Универзитетскиот кампус и ќе им се приклучи на студентите, кои веќе трет ден вршат окупација на факултетите.

Поврзани новости