Актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил објави јавна поддршка до студентите, со тоа што се понуди да настапи на импровизирана сцена на факултетите прво со монодрамата СЕКС ДРОГА И РОКЕНРОЛ, затоа што таа зборува за слободата.
– Се гордеам со нашите студенти. Почнавме да наликуваме на Прага кон крајот на шеесетите на минатиот век, а тоа е добро, без разлика на исходот. Сега кренете го нивото. Направете импровизирана сцена на која сите некорумпирани уметници ќе настапат со нешто свое. Музика, перформанс, театар. Еве прв ако треба пред вас ќе настапам со делови од монодрамата СЕКС ДРОГА И РОКЕНРОЛ, зашто таа зборува за слободата. Ако треба и цела ќе ја изиграм. На располагање сум ви у секој момент. Пишете ми тука кога да дојдам и доагам. Или јавете се. Сигурен сум, некои од вас го имаат мојот број – пишува Тасевски.