664
На штотуку завршената 84-та владина седница, едногласно беше усвоен предлогот Сашо Тасевски, магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност, да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност.
Тасевски од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.