Сашо Сенков е ослободен од обвинението за обид за убиство врз Села

by fokus

Поради новата снимка која се презентираше како доказ за обидот за убиство врз пратеникот Зијадин Села за време на крвавиот упад во Собранието на 27 април минатата година, обвинителот во случајот побара да се измени обвинителниот акт.

Според новиот обвинителен акт, кој обвинителот денеска го прочита пред судот, обвинетиот Сашо Сенков е ослободен од обвинението врз база на анализа на новите докази.

Во обвинението е преквалификувано делото и за обвинетите Стојан Павлески – Кобра и за Цане Георгиевски, кои наместо за обид за убиство, сега се товарат за насилство.

Постапката против останатите обвинети Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов, продолжува без измени во обвинителниот акт и тие се товарат за обид за убиство.

Откако обвинителот кажа дека за нив нема преквалификација, на Тошта му се слоши и тој падна во судница.

Поврзани новости