Професорката Симоновска до адвокатот на Груевски: Мислам дека ми ја навредувате интелигенцијата

by Fokus

Во вкрстенотo испрашување на денешното судење за насилството во Општина Центар, сведокот на СЈО, пензионираната професорка Цветанка Симоновска, одговараше на прашањата на адвокатот на обвинетиот Груевски, Боро Тасевски.

На прашањето на Тасевски за нејзиното сведочење дека Александар Трајковски стоел на прозорот во бараката, значи дека сакал да види што се случува. Таа рече:

-Мислам дека ми ја навредувате интелигенцијата – посочувајќи претходно дека Трајковски половина од времето бил со главата внатре, а со нозете надвор.

Адвокатот се обиде да го оспори нејзиното сведочење за координацијата меѓу советниците на ВМРО ДПМНЕ и демонстрантите. На исказот на Симоновска дека Рангелова и Лазаров биле цело време со телефоните во раце, Тасевски праша дали таа можела да има увид во нивните пораки, на што Симоновска одговори: „А дали вие сте можеле да имате увид“.

Тасевски прашуваше за условите да се одржи седницата во Општина Центар во јуни 2013 година, а Симоновска го поправи велејќи ми дека ги побркал работите и дека се работи за две различни седници.

-Не може улицата да ја диктира работата на Советот и да дава пауза. Не е ова Див запад. Работата на седницата не е под диктат на улицата. На 7 јули таа година во 19 часот толпата веќе беше разотидена. Веритас беа отидени на ручек или вечера. Ја одложивме сепак седницата бидејќи не можевме да го донесеме дневниот ред поради опструкции од советниците на ВМРО ДПМНЕ – рече советничката Симоновска.

М.В.

Поврзани новости