Актерот Сашко Коцев (41) и неговата сопруга Смиљана Бундовска слават јубилеј, десет-годишнина од бракот. Актерот кој е миленик на домашната публика ја покажа својата избраничка пред јавноста пред десет години, за време на манифестацијата Златна бубамара на популарноста.
Тогаш тој клекна на колена пред Смиљана и ја запроси во Универзална сала, пеејќи во дует со Каролина Гочева.
Пред пет години парот ја доби ќерката Јоана, а пак лани Коцев откри дека е горд на сопругата која станала Доктор на науки на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.
Во минатото докторката Смиљана се испроба и во моделството и се појави во видео записот за песната ,,Животе сладок си” на Сашо Спасовски, пред 21 година, како и во рекламен спот на Охридска банка.
Сашко пак, зад себе има богата филмографија, како и настапи како стенд-ап комичар.
Во интервју од пред неколку години раскажа дека доколку не бил актер, дефинитивно ќе бил лекар.
-Омилено нешто ми беше делот од биологија кој се вика анатомија. Ако не бев актер, да, дефинитивно ќе бев лекар. Веројатно затоа се заљубив во докторка- раскажуваше тој.
Вики Клинчарова