1.1K
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев вечерва во македонската Филхармонија говореше за петте врвови над 8.000 метри кои ги искачил: Монт Еверест, К2, Брод Пик, Даулагири и Манаслу.
Тој раскажа за случувањата на врвот К2, кој е еден од најопасните во светски рамки со висока смртност.
„Кон врвот К2 ја помирисав смртта. По пат гледаш наоколу тела и чувствуваш страв. Многу тежок врв кој има неверојатни опасности. Во нашиот шатор спасивме доктор од Париз кој имаше хипотермија и беше неконтактибилен”, раскажа Кедев.
Јорданчо Цветаноски