Српскиот пејач Саша Матиќ ќе одржи концерт во Битола, на Ракометното игралиште на шести јули, а влезниците за настанот по цена од 600 денари веќе се пуштени во продажба.
Од организацијата најавуваат посебен и автентичен концерт, каде Матиќ ќе ги отпее своите најубави балади: ,,Kad prođe sve”, ,,Dva života”, ,,Neke ptice nikad ne polete”, ,,Kad ljubav zakasni”, ,,Poklonite mi nju za rođendan”, ,,Hoću da ostarim s tobom” ,,Ruzmarin”, ,,Nađi novu ljubav”, ,,More tuge” и многу други.
Исто така, потсетуваат дека првпат на сцената застанал во 1994 година, и тогаш ја отпеал ,,Зајди, зајди”, а настапот му го отворил патот кон успехот.
-Делата на Матиќ потсетуваат дека убавината не се гледа со очите, туку се слуша и чувствува со душата, а токму изведбата на ,,Зајди, зајди” во далечната 1994 година му го отвори патот кон ѕвезденото небо.
Зад себе има повеќедецениска кариера, неколку арени и нашите срца во неговите стихови. Додека низ смеа ги прифаќа шегите на своја сметка за оштетениот вид, Саша Матиќ вели дека е среќен и исполнет човек, кој не се осмелува од животот да бара нешто повеќе- порачаа од Балкан Медиа, кои стојат зад битолскиот концерт.
Вики Клинчарова