Поранешната министерка Нина Ангеловска, која беше и наша најмлада министерка за финансии, заедно со сопругот Виктор Станков се релаксира на продолжен меден месец.
Откако летово стапија во брак и направија свадбена забава во скопски ресторан, со многу јавни личности и познати гости, помеѓу кои и пореншниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, Ангеловска редовно објавува фотографии од заедничките патувања со сопругот.
Првин го посетија Санторини, потоа Италија, а сега споделија фотографии од Франција, од округот Шампањ, каде се заедно со сестра и и нејзиниот партнер.
Ангеловска стана министер за финансии во 2019 година, и беше најмлад носител на таа функција во земјава. Тогаш имаше 31 година.
Беше на чело на министерството до крајот на август 2020 година, кога му ја предаде функцијата на Фатмир Бесими.
Во јавноста беше позната како основач на „Групер” и претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Вики Клинчарова